ВИДЕО: Раскош, палати, базени – Криминалното семејство од Куманово испрало 4 милиони евра


30 дневен притвор им е одреден на 13-мината приведени во вчерашната акција „Калабрија“ во Куманово.

Станува збор за 43-годишен кумановец, неговите четворица браќа, две нивни сопруги и шест синови, кои во еден подолг период се стекнале со поголема имотна и материјална корист вршејќи кривични дела од областа на насилен криминал, изнуда и лихварство, како и преку недозволена трговија со дрога во Македонија и Швајцарија и пуштање во оптек на нелегално стекнатите средства преку сопствени сметки и правни лица во нивно владение

)

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против 13 физички лица: Ф.А. (43) Р.А. (24), А.А. (23), Љ.А. (42) Н.А. (21), Х.А. (44), А.А. (39), Б.А. (20), Н.А. (46), В.А. (23) Б.А. (22), С.А. (35) и Е.А. (32) сите од Куманово како и против неколку правни лица.

kumanovci-500Вчера по наредба на надлежниот Јавен обвинител и во координација со него, отпочна финалната фаза од реализацијата на Операцијата „Калабрија“ насочена против припадници на организирана криминална група, фамилијарно и хиерархиски структурирана, а предводена од 43 годишно лице Ф.А. од Куманово. Тие се товарат дека во периодот од 2004 до 2014 година, се стекнале со голема материјална и имотна корист вршејќи кривични дела од областа на насилниот криминал-изнуди и лихварство, како и преку недозволена трговија со дрога од Македонија во Швајцарија и пуштање во оптек на нелегално стекнатите парични средства преку сопствени сметки и сметки на правните лица во нивно владение.

Членовите на оваа група се сомничат дека ги сториле кривичните дела злосторничко здружување, изнуда, лихварство, недозволена трговија со дрога и пуштање  во промет психотропни сусптанции и прекурзори и перење пари и други приноси од казниво дело. Изминативе две години, операцијата се реализираше и со примена на посебни истражи  мерки заради обезбедување на докази при што кривично пријавени се 13 физички лица: Ф.А. (43) Р.А. (24), А.А. (23), Љ.А. (42) Н.А. (21), Х.А. (44), А.А. (39), Б.А. (20), Н.А. (46), В.А. (23) Б.А. (22), С.А. (35) и Е.А. (32) како и против неколку правни лица.

kumanovci9-500До Основно Јавно Обвинителстсво за гонење на организиран криминал и корупција поднесена е кривична пријава против првоосомничениот и неговите четири брата, против две сопруги кои биле вклучени во криминалната група и против шест синови кои исто така биле дел од злосторничкото здружение.

Поднесени се пријави и против правните лица ДПТУ Калабрија Ферат ДООЕЛ Куманово, Калабрија Кафе пицерија Куманово, Калабрија Хотел Куманово, ДПТУ Петрол Калабрија Куманово, ДТПУ Аризона Компани ДООЕЛ Куманово, Млечен ресторант Куманово, ДТПУ Хотел Рома ДООЕЛ увоз-извоз Куманово, Петрол Рома Куманово, Рома еден Куманово, Рома два Куманово, сите од Куманово за сторено кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело по член 273 ст.7 од КЗ на РМ.

kumanovci4-500Според досега документираните сознанија сите членови на семејството биле задолжени за различни криминални активности со цел стекнување на противправна имотна корист вршејќи кривични дела недозволена трговија со дрога, лихварство и изнуди и така стекнатите парични средства ги пуштале  во легален платен промет користејќи ги сопствените фирми, банкарски сметки, услуги за брз трансфер на пари. Дел од вака стекнатите средства ги користеле и за стекнување на недвижен имот во Република Косово.

Од досега преземените мерки утврдено е дека криминалната група го поседува комплекс-Калабрија, лоциран во село Романовце, Куманово составен од семејна куќа, печатница, пекара и базен (1.405 м2), повеќе станбени и деловни простории во вкупна површина од 2.553 м2, пет куќи, земјиште во државна и приватна сопственост во вкупна површина од 49.890 м2.

kumanovci1-500Овој имот истите го стекнале така што повеќе сопственици на правни лица за градежен материјал, електро материјали и слично ги доведувале во должничко-доверителски односи вршејќи набавка на материјали за градба без да ги платат сумите за извршените градежни работи. На тој начин правните лица ги доведувале во неликвидна состојба и потоа им нуделе парични средства на заем за да продолжат со извршување на дејноста одредувајќи им високи каматни стапки, а со закани и уцени преку другите членови на семејството изнудувале склучување на фиктивни договори заверувани кај адвокати и нотари. Освен тоа што доведувале правни лица во неликвидна состојба, истите со употреба на сериозни закани во подолг временски период изнудувале парични средства и од повеќе физички лица уценувајќи ги да потпишуваат фиктивни-лажни договори за купопродажба на недвижен имот, стои во соопштението на МВР.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1