Видео: Роби Вилијамс му се појавил на chat на непознато момче и му ја пеел новата песна


Младиот Adam Houabi си бил на интернет на сајтот кој се вика “Четрулет,, одеднаш му се појавил видео прозор, а од другата страна бил лично Роби Вилијамс.

Момчето не верувало па дури го натерало да ја подигне мајцата за да ги види тетоважите, а Роби и ја вртел камерата за да го увери момчето дека е во студиото и дека има камери околу него.

,, ми кажа дека работи на нова песна и дека сака да ми ја отпее – немозев да верувам Роби ми пее во живо,, изјавило момчето за ,,Сан,,

Роби му ја отпеал новата песна “Losers” која треба да излезе во октомври. На крајот му рекол ,, ти си прекрасна личност, пената се вика “Losers”. Нека те благослови бог, цувај се. Се гледаме ортак,,

Момчето го снимило разговорот. Инаку Четрулет е интернет сервис кој сам одредува со кого ќе се гледате преку веб камерата и со кого ќе се допишувате – како еден вид рулет.

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1