Импотенција – симптоми, причини и можни третмани


Импотенцијата е состојба која често се јавува. Импотентните мажи чувствуваат неспособност да постигнат и одржат ерекција. Милиони мажи ширум светот имаат еректилна дисфункција или ЕД.

Автор M-r Ph Марија Петреска /

Еректилна дисфункција е медицински термин за импотенција.

Многумина барем еднаш доживеале еректилна дисфункција за време на нивниот сексуален живот. Меѓутоа ова станува пороблем само доколку оваа сосотјба се јавува често.

Со овој текст би сакале да ви ги објасниме причините за појава на оваа состојба како и можната терапија.

Анатомија

Во анатомјата на пенисот влегуваат три главни структури од кои две структури се означени како долги цевчиња или познати како „corpora cavernosa“, и се наоѓаат по една на секоја страна од овој орган.

Третата структура се нарекува „corpus spongiosum“ и е лоцирана помеѓу две corpora cavernosa. Кога пенисот се наоѓа во нееректилна состојба, оние структури кои ги нарекуваме corpora cavernosa, не се исполнети со крв.

При сексуална стимулација, физичка или ментална, се пренесува информација преку мозокот, нервите, крвните садови и хормоните, да се опуштат мускулите кои се наоѓаат околу corpora cavernosa. Откако овие мускули ќе се опуштат, споменатите структури лесно се исполнуваат со крв со што доаѓа до нивно ширење, а пенисот се наоѓа во ерекција.

По доживеан оргазам, крвта се празни од овие структури преку вените кои се наоѓааат во пенисот, со што тој се враќа во првобитна, нееректилна состојба.

Тестостеронот е полов хормон кој се лачи во тестисите и има многу важна улога во регулирање на ерекцијата.

Се смета дека колку организмот старее, се потешко е да се одржи ерекцијата, меѓутоа во последните години се почесто се јавува оваа дисфункција и кај помладите, но сепак статистиката покажува дека 1 од 4 мажи над возраст од 65 години пројавуваат симптоми на еректилна дисфункција.

Симптоми на ЕД и причини за нивна појава

ЕД може да биде предизвикана од голем број на неправилности во функицјата на целиот организам. Може да биде предизивикана од употреба на лекови, психолошки или физички фактори.

Сепак, лековите се водечки фактор за појава на ЕД. Тоа се лекови кои се користат како антидепресиви и оние за покачен крвен притисок.

Доколку се случи еднаш или само неколку пати неможност за ерекција од било кој фактор како што е замор, поголемо количество на алкохол, употреба на наркотично средство итн. и продолжи стравот дека нешто сериозно се случува со сексуалната моќ, тоагаш се јавува психичкиот фактор како причина за појава на долготрајна импотенција.

Стресот и останатите психички фактори се причина за појава на ЕД. При ваквата ЕД, пациентот може да достигне спонтана ерекција при спиење или рано наутро, но не може истата да ја достигне при водење љубов.

Физичката импотенција може да настане од разни болести, повреди или пак хируршки зафати. Најчести болести од кои може да настане импотенција се дијабетесот, високиот крвен притисок, покачениот холестерол, заболувања на црниот дроб, простата.

Можни терапии при ЕД

Третманот на оваа состојба зависи пред се од причините кои ја предизвикуваат. На пример, ако импотенцијата е предизвикана од употреба на одредени лекови, менувајќи ги или подесувајќи им ја дозата е еден од начините кој може да помогне при решавање на проблемот импотенција.

Доколку еректилната дисфункција е предизвикана од клиничка депресија, тогаш одредена доза на антидепресиви може да бидат првата линија при третманот на оваа состојба.

Доколку пак ЕД е предизвикана од намалено количество на хормони, тогаш се започнува со заменителна хормонска терапија.

За импотенција која е предизвикана од исклучиво ментална природа, тогаш се советува терапија кај стручно лице.

Постојат и неколку други опции кои може да се вклулчат во третманот на оваа состојба. Тоа се лекови како што е sidenafil citrate, vardenafil, tadalafil. Потоа постои опција за третман со т.н. уретрални супозитории, инјекции, вакуум пумпи и операција.

Оралните лекови како sidenofil, vardenafil и tadalafil се наменети за третман на ЕД и се одобрени од FDA (Food and Drug Administration), а начинот на нивната употреба ќе го објасниме подолу.

Во еден од можните третмани, пациентот може да користи уретрални супозитории, ставајќи ги во уретрата со помош на апликатор. Лекот кој се наоѓа во супозиторијата се раставра во уретрата и се апсорбира во внатрешноста на пенисот. Со овој начин на терапија, се постигнува ерекција по 5 мин од апликацијата на лекот.

Уште еден начин за третман на оваа состојба е употребата на вакуум пумпа и прстен. При употреба на пумпата, се користи пластична цевка која се поставува на органот, потоа со помош на пумпа, се отстранува воздухот од неа, со цел да се доведе крв во крвните садови на органот. Кај повеќето пациенти, на овој начин се постигнува ерекција за една до две минути. Потоа на основата на пенисот се става гумен прстен за да ја задржи крвта и да ја одржи ерекцијата подолго време. На крај се отстранува вакуум цевката. Прстенот не треба да стои подолго од 30 минути, бидејќи може да предзивика други оштетувања како болка, дисколорации итн.

Друг начин на третман на ЕД е користење на инјекции кои пациентот сам ги става директно во пенисот. Тие содржат лековита супстанца која предизвикува ерекција. Лековитата супстанца која се инјектира преку мала игла, овозможува крвта да се „зароби“ во цевчестите структури кои се нарекуваат corpora cavernosa. Овој начин вообичаено овозможува ерекција која може да трае и до еден час.

Доколку со ниеден од овие третмани не може да се предизвика ерекција, тогаш како опција влегува хируршки зафат преку кој се поставува имплант во пенисот и кој помага да се постигне ерекција. Но доколку причината се крвните садови кои ја носат крвта до структурите на овој орган, тогаш се прави зафат на тие крвни садови.

Sidenofil, Vardenafil, Tadalafil

Ерекција се постигнува кога се опуштаат мускулите на пенисот, при што се овозможува доток на крв во структурите кои се одговорни за достигнување на оваа состојба.

Погоре споменатите лекови се лекови кои делуваат на тој начин што ги опуштаат мазните мускули на пенисот, овозможувајќи corpora cavernosa да се исполнат со крв.

Како и секој лек, така и овие имаат несакани дејства, па затоа е многу важно да се советувате со вашиот лекар или фармацевт пред да почнете да ги употребувате.

За да може да делува овој лек, потребна е пред се сексуална стимулација, во спротивно, нема да дојде до ерекција. Исто така е важно да се напомене дека овие лекови не го зголемуваат либидото и не влијаат на оргазмот.

Дозирање и начин на делување

Овие лекови особено sidenofil citrate се земаат на празен стомак со вода. Дејството може да се очекува по 30 до 60 минути. Дејството на сиденофил и варденафил може да трае и до 4 часа, меѓутоа тадалафилот е понов лек од оваа група и неговото дејство е продолжено во однос на другите два лека и може да трае од 24 до 36 часа. Кога велиме дека ерекцијата може да трае 4 часа при употреба на овие лекови, тогаш не мислиме дека пенисот ќе биде во ерекција цели 4 часа, туку дека ерекција може да настане во текот на тие 4 часа.

Несакани ефекти на овие лекови

Сите три лека може да предизвикаат главоболки и потешкотии во системот за варење. Sidenofil и vardenafil може да предизвикаат црвенило и немирен стомак. Sidenofil може да предизвика дијареа, а пак vardenafil може да доведе до вртоглавици.

Сепак вашиот лекар ќе ви ги објасни начинот на дозирање и последиците кои може да настанат при употреба на овие лекови.

Share Button

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1