Еден загинат и 40 повредени – работниците на Марути Сузуки се судрија со шефовите Видео/Фото


Едно лице загина а 40 е повредено во судирот меѓу работниците и нивните надредени во фабриката за автомобили Марути Сузуки со Њу Делхи.

Во конференциската сала најдено е едно запалено тело, производството на автомобили е прекинато.

Во соопштението на компанијата се вели дека работниците ја запалиле фабриката, провалиле во канцелариите и ги оштетиле инталациите. До судирот дошло кога еден од работниците изреволтиран му удрил бокс на еден од шефовите. Синдикатот одби да го казни работникот, а останатите работници не им дале на шефовите да излезат од фабриката.

Според компанијата двајца директори Јапонци се повредени и сместени во болница. Штетата ќе се проценува допонително. Комесарот на полицијата Махешвара Дајала изјави дека упасени се околу 80 работници, а при обидот да се совладаат работниците повредени биле и 8 полиајци. Во фабриката во местото Мансер во близина на Њу Делхи се вработени 2.000 луѓе а дневно се произведуваат и до 1200 автомобили.

Share Button

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1