Следново видео со својата бизарна содржина може да се стави во категоријата „само во Русија“. Имено станува збор за еден неименуван Русин кој очигледно бил желен за внимание, и направил нешто што се граничи со лудило.
Момчето пред да го изврши својот смртоносен перформанс ги повикал новинарите за да присуствуваат на неговиот спектакл.
Кога новинарите се собрале, тој се качил на врв на зграда, ги запалил своите панталони и без никаква заштита скокнал врз мала лавина од снег. Сепак се чини дека среќата ги следи храбрите, па така и овој русин поминал без гребаници по падот.