Освен преку телефон, можат да ве прислушкуваат и преку телевизорот!


Во моментов кај нас актуелна тема е прислушкувањето, па кога зборуваме за тоа да споменеме и дека освен телефоните, и вашиот телевизор може да ве шпиунира.

Пред неколку дена се откри дека телевизори од неколку познати гиганти за технологија можат да снимаат звуци и без корисникот да е свесен за тоа. Снимените информации телевизорот ги прикачува во база која што е достапна за производителот. Тие податоци можат да бидат предадени на сосема трети компании, кои се занимаваат со апликативниот дел.televizor mk

Некои смарт ТВ уреди имаат можност за препознавање на лица. Некои корисници ја бираат таа опција бидејќи им се чини како полесна од внесување пин кодови, но препознавањето на лик воопшто не е наивно, ниту пак безбедно. Често и самите провајдери автоматски собираат информации за купувачот и иако е поверојатно дека никогаш нема ни да ги погледнат, ризикот истите да бидат злоупотребени сепак постои.

Знаејќи ги овие работи, многу луѓе веќе не се чувствуваат удобно седејќи пред телевизор, па се одлучуваат за постари и побезбедни верзии на ТВ уреди за дома.

ZaSe.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1