Mакедонската фалнга и во Севиља потврди дека од срце навиваат за Македонија. Битолската експедиција која со автомобил мина 3700 километри за да ја бодри националната репрезентација нема намера да сопре.
„Заминуваме за Барселона. На ракометарите им треба нашата подршка„ велат тие.Откако јавно му се заблагодарија на Лазаров за помошта при оваа нивна авантура, ни ја раскажаа и последната нивна анегдота.
„Еден руски навивач ни пријде и ни понуди 100 евра за дресот со број 7 на Македонија. Одговорот беше НЕ. Подарокот не се продава и нема цена„ ни рече Томче Лазаревски на неколку минути пред завршниот 15 натпревар во Б групата во Севиља.
Извор и Видео: lazarovkiril7.com