Огромна дупка се отворила во Дебишајер во Велика Британија по големото невреме што ја зафати оваа земја
Дупката е во ширина од 40 метри и длабочина од 50 метри, но таа продолжува да се шири и да се продлабочува. Се претпоставува дека отворот настанал со урушување на рудникот Милдам лид, во близина на Бакстон.
Под дупката се наоѓа стар рудник на олово кој се срушил поради големите врнежи, вели Марк Нобл (58) локален истражувач на теренот.