Памела Нокс која управувала со својот автомобил во Охајо забележала дека возилото пред неа паѓа во дупка и се обидела да ја заобиколи, но на крај завршила во неа. Дупката се отворила на раскрсница во американскиот град Толедо.
Градските власти претпоставуваат дека дупката длабока повеќе од три метра се отворила поради пукната цевка на главниот водовод.
Полицијата и пожарникарите и’ помогнале на Нокс да излезе од дупката. Таа во несреќата не била повредена, но претрпела сериозен шок, поради што била пренесена во болница.
Нејзиниот автомобил бил извлечен од дупката со помош на дигалка, а поправката на раскрсницата ќе потрае неколку дена.