ВИДЕО: Се отвори земјата среде раскрсница – дупката „проголта“ жена


Памела Нокс која управувала со својот автомобил во Охајо забележала дека возилото пред неа паѓа во дупка и се обидела да ја заобиколи, но на крај завршила во неа. Дупката се отворила на раскрсница во американскиот град Толедо.

ohajo_dupka-500Градските власти претпоставуваат дека дупката длабока повеќе од три метра се отворила поради пукната цевка на главниот водовод.

Полицијата и пожарникарите и’ помогнале на Нокс да излезе од дупката. Таа во несреќата не била повредена, но претрпела сериозен шок, поради што била пренесена во болница.

Нејзиниот автомобил бил извлечен од дупката со помош на дигалка, а поправката на раскрсницата ќе потрае неколку дена.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1