На фарма во Велс се роди јагне со пет нозе кое стана хит во светските медиуми.
Семејството во чија сопственост е фармата му дала име Џек, а 16- годишниот Сајон му помогна на јагнето да пристигне на светот и бил збунет кога во утробата на неговата мајка почувствувал толку нозе.
Тие истакнуваат дека не очекувале дека јагнето ќе преживее бидејќи кога ќе се роделе со некаков деформитет јагнињата тешко останувале живи.
Ветеринарите кои биле повикани да го прегледаат јагнето, биле импресионирани со неговото здравје и кажале дека никогаш не виделе јагне со пет нозе да преживее