Во несекојдневна акција на полицијата уапсен е педофилот Драган Ж. (66) кој преку Фејсбук закажал средба со 11-годишно девојче, не знаејќи дека е измамен и дека цело време се допишувал со нејзината мајка.
Всушност благодарение на храбрата мајка, која седум дена се допишувала со манијакот, педофилот е измамен и уапсен.
Инаку, една од првите пораки кои ги испратил е со вознемирувачка содржина:
-Убав поздрав до тебе…Многу си убава и посебна. Би сакал подобро да се запознаеме, ако си љубопитна – имам некои многу добри приказни за тебе…Интригантни… Посебни – напиша монструмот во првата порака преку Фејсбук, не знаејќи дека се допишува со мајката на девојчето.
-Фармерките ти стојата совршено…Многу си љубопитна за твоите години. И навистина изгледаш екстра, посебно одзади. Веројатно уште не си почувствувал машка рака на себе, напиша педофилот.
Педофилот продолжил да испраќа пораки, пишувајќи за сексуалните фантазии и и предлагал средба ветувајќи незаборавни мигови и дури и испраќал фотографии од својот полов орган.
Драган Ж. се претставил дека е 11 години помлад, говорејќи дека е разведен и дека има две постари ќерки.
Погледнете како изгледаше апсењето на овој педофил, забележано од камерите на ТВ Пинк.