Тукушто се појави новата песна на Даниел Кајмакоски, која е во стил на шлагер од педесеттите години на минатиот век, на музика и текст на Кики Лесендриќ.
Ова е воедно и првата музичка нумера и видео спот од филмот „Ќе бидеме прваци на светот“ на режисерот Дарко Бајиќ.
Спотот го режираше Марко Сопиќ во романтичната атмосфера на некогашните игранки на Калемегдан заедно со кадри од филмот. Во главните улоги во филмот „Ќе бидеме прваци на светот“ се појавуваат Страхиња Блажиќ и актерката Тамара Драгичевиќ, како и Ива Бабиќ.
Vistina.mk