Телевизија ТВ21 објави дека турските медиуми објавиле видео од безбдносните камери како патниците се качуваат во автобусот.
На снимките се гледаат деца и повозрасни луѓе како излегуваат од хотелот и влегуваат во автобусот на „Беса транс Скопје“ кој неколку часа подоцна се запали кај селото Боснек во Бугарија при што загинаа 45 лица.
Несреќата ја преживеаа 7 патници кои се во болницата во Софија и се вон животна опасност.