ВИДЕО: Со себе го носи душекот на кој што била силувана – се додека не ги стигне правдата


Откако Ема Сулкович беше силувана од страна на нејзиниот колега од факултет, таа своето време на Универзитетот Колумбија го минува обидувајќи се да ги убеди надлежните на факултетот, полицијата и пријателите дека навистина била злоставувана и силувачот да си ја добие заслужената казна.

Инаку, таа е една од 23-те студенти против кои ИКС федералната служба поднела кривични пријави за лажни обвинувања за силување.

А против истиот „сторител“ тужби за силување покренале уште две студентки, меѓутоа властите се сомневаат во ваквите тврдења, бидејќи не постојат тврди докази за нивните обвинувања, така што немаше никаква основа да го избркаат обвинетиот студент од Факултетот.

devojka-dusek-Секој ден се плашам да ја напуштам својата соба. Во секоја особа почнав га го гледам мојот силувач, вели Ема во видеото и додава:

-Минатата година развивав фотографии во темната комора. Иако не беше во мојот одел, тој побара дозвола од професорот да дојде во таа просторија, додека јас бев внатре. Почнав да плачам и викам, истакна таа.

Ема сега посетува часови по визуелна уметност. Таа се обврзала дека каде и да оди и додека нејзиниот силувач студира заедно со нејзе, со себе ќе носи голем бел душек кој ќе и служи како знак за распознавање и дека е жртава на насилство.

-Бев силувана на мојот душек во мојот кревет и од тогаш мојот личен простор стана претесен за мене. Се чувствувам како да сум приморана со себе каде и да одам да ја носам кривицата и тежината за она што сум го доживеала, вели Ема Сулкович во незиното видео.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1