На фејсбук страницата на УЧК е назначено дека на 9 мај УЧК била присутна во Куманово. Објавени се фотографии во униформи, како и снимка на која се гледа како нејзини припадници се подготвуваат за напад на македонската полиција во Куманово. Се гледа напад на Куманово од перспектива на напаѓачите, се слушаат рафални истрели и се гледа густ чад.
Претходно на страницата е објавена и фотографија од командант на терористичката „Ослободителна војска на Косово“, Фадиљ Фејзулахи, кој наводно бил убиен за време на престрелките во Куманово.