ВИДЕО: Турчин преживеа откако два тенка поминаа над него


Драматични снимки на маж кој се испречува пред тенкови, движејќи се брзо по улиците на Истанбул, беа распространети од приватната новинска агенција “Доган”.tenk-2-640x327

На снимките од ноќта на неуспешниот обид за воен удар на 15 наспроти 16 јули се гледа како тој излегува на улицата, фрла нешто против тенковите и се фрла меѓу нив кога тие минуваат. Едниот водич запира над мажот, а член на екипажот разгледува од куполата дали не го згазиле, по што машината продолжува.

-Фрлајќи со камења и им правев знаци да запрат. Но кога видов дека не запираат и ќе прегазат, само легнавме меѓу гасениците. Фала му на Бога, преживеав и станав. Но потоа дојде втор тенк. Се обидов да го избегнам, но видов дека нема да успеам, повторно легнав на асфалтот. Вториот тенк ми ја скрши раката.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1