Девет луксузни автомобили специјално изработени за снимањето на новиот филм за агентот 007, „Spectre“, биле украдени од хангар на „Ровер“ во германскиот град Дизелдорф.
Како што објави лондонски „Гардијан“, крадците на петте „Рејнџ Ровер Спот“ и на четирите луксузини лимузини, засега остануваат непознати. Изненадува што криминалците го оставиле моделот „Астон Мартин ДБ10“.
Автомобилите деновите требало да бидат пренесени во австриската покарина Тирол, каде наскоро треба да започне снимањето 24-то продолжение на серијалот филмови за Џејмс Бонд.
Украдените возила се специјално изработени за да можат да ги издржат каскадесрските сцени во филмот. Нивната вкупна вредност изнесува околу 800.000 евра.
Кражбата на возилата би можела да доведе до одлагање на почетокот на снимањето на филмот, кој покрај во Тирол ќе се снима и во Лондон, Рим, Мексико и Мароко.