Видео: Во 2012 година најгледано видеото е од операцијата „Монструм“


monstrum

Според податоците на веб-страницата ЈуТјуб, од 23 јуни 2010, кога стартуваше официјалниот канал на МВР па до денеска, направени се околу 1.500.000 прегледи на поставените 152 полициски видеа.

Како што денеска соопшти МВР, убедливо најгледани видеа кои се прикачени во 2012 се двата дела од Операцијата „Монструм“ со вкупно околу 360.000 прегледи.

Понатаму, во најгледаните десет следувааат:„Предавање на водачот на навивачката група на ФК Партизан“ (60,044 прегледи), „Кривична пријава за убиство за полициски службеник“ (41,416), „Предупредуваме“ (38,941),„Фатен познат велешки нарко дилер“ (37,266), „Превземено лице од Косово“ (35,447), „Полициска акција Детонатор“ (34, 121), „ЕСЗ вежба – Аеродром“ (27,521) и „Лишен од слобода познат нарко дилер“ (25, 466).

Од МВР посочуваат дека снимките кои се објавуваат на ЈуТјуб се избираат со внимание и нивната содржина се дозира во согласност со законите и почитувањето на човековите права.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1