Лифотот потсетува на кадар од филм со научно – фантастична тематика и е предлог на канадската фирма „Thoth Techology“, со цел да се намалат трошоците за истражување на вселената.
Лифотот ќе го гради канадска фирма и според најавеното, тој ќе биде 20 пати повисок од Бурџ Калифа во Дубаи. Целата структура ќе биде стабилизирана со активна контролна машинерија. Компанијата смета дека со изградбата на „вселенскиот лифт“ и платформата на самиот врв, ќе се намалат трошоците за испраќање на вселенско летало во вселената.