Ова е застреланиот косовски Србин од страна на косовските специјалци ФОТО


Србинот, Среќко Софронијевиќ, кој беше застрелан во полициската рација на специјалните единици на косовската полиција, во моментов е на операција во болницата во Косовска Митровица, пишува српски „Блиц“.

Софронијевиќ, според информациите од лекарите, има тешка прострелна рана, но не се наоѓа во животна опасност. Тој беше застрелан во моментот кога косовската полиција отвори оган, а насобраните Срби почнаа да бегаат за да се засолнат.


Србинот беше застрелан во Звечане, каде што косовската полиција, изведе рација провалувајќи во објектите.

– Повредата е нанесена со огнено оружје, тој е застрелан во пределот на градниот кош. Неговото рамо и ребро беа повредени, се подготвуваме за операционата сала да му го извадиме куршумот. Тој е на интензивна нега и е во тешка состојба – изјави за „Косово онлајн“ хирургот Златан Елек, директор на КБЦ Косовска Митровица

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1