Во швајцарската „Барефоот“ компанија направија високо издржливи чорапи со зајакнување од PVC, кои имаат слотови за секој прст на нозете. Чорапи наменети за сите луѓе кои што сакаат да пешачат без обувки.
„Потребни беа години на техничко истражување и дизајн, за да на крајот дојдеме до денешниот производ“, објасни Диетер Хесч.
Од компанијата објаснија дека се задоволни со изгледот на чорапите, а велат дека во иднина ќе се залагаат и за усовршување на истиот.
„Работиме на новиот дизајн на чорапите, кои би им овозможиле на луѓето да трчаат дури и на маратон“, вели Хешч.