Многу предмети по кои посегнуваме секојдневно се откриени случајно, а сепак го прежеивеале времет.
Вијаграта е создадена во фармацевтската куќа Фајзер, како лек за кардиоваскуларни болести. Во 1991 година се случило нешто неочекувано – тестираните луѓе покажале чудни ефекти во лечењето. Таблетките подоцна наречени Вијагра се покажале како неуспешни за лечење срце – но неочекувано добро лечеле ерективна дисфункција.
Најпопуларната приказна за создавањето на Чипсот е врзана за готвачот Џорџ Крум, кој работел во еден ресторан, во кој еден од муштериите постојано го враќал помфритот барајќи да биде потенок и попржен. Така, Џорџ се налутил и го исекол најтенко што може и ги пржел додека не се закривиле и ги посолил. Муштеријата наместо да се налути, барал уште. Така се создал Saratoga чипсот, по името на градот каде е создаден.
Кока Кола е создадена во обид да се направи тоник за лугето кои имале проблеми со воспаление на забите, а кога фармацевтите го пробале вкусот изгледал одлично – додале газирана вода и го добиле денешниот водечки светски пијалок.
Пеницилин – Александар Флеминг бил во потрага по “чудо од лек“ со кој ќе се излечат сите болести. Оставил дома еден куп валкани садови и тргнал на одмор. Кога се вратил на садовите отркил нешто чудно – се било покриено со чудна бактерија, освен на едно место кое било “заштитено“ . Сватил дека тој дел ја блокирал бактеријата и дека може да го искористи да се убие голем спектар од нив. Така се создал пеницилинот.
Кесичките чај датираат од 1903 година и направени се од рачно шиена свила. Американскиот трговец Томас Саливен кафето и чајот на муштериите им го праќал во линеки, се додека еден ден не дошол на идеја дека поевтино ќе го чини да ги пакува во рачно сошиени свилени кесички. Нарачките се зголемиле, но не за чајот, туку за кесичките.