Нов влажен бран од запад ќе ја зафати Македонија во попладневните часови, кој ќе услови облачно време со врнежи од дожд. На планините се очекуваат интензивни врнежи од снег, а локално се очекува да наврнат над 25 л/м2 воден талог.
Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер, особено во источните делови.
Во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните и вечерните часови ќе има локални врнежи претежно од снег, но со слаб интензитет.
Значително постудено со засилен северен ветер и пад на темепратурите не очекува од понеделник.