Викенд временска прогноза: УХМР со вонредна најава за денеска


Денеска на повеќе места ќе дува засилен северозападен ветер кој ќе биде поизразен вдолж Повардарието, источните делови како и во Скопската котлина и на моменти ќе достигнува брзина од околу 60 км/час.

Од утре следува период на стабилно, сончево и се потопло време со постепен пораст на дневната температура. Најтопло се очекува да биде кон средината на следната работна седмица, кога дневната темпертура на воздухот ќе достигне до 40 степени. УВ индексот ќе има многу висока вредност 9.

Со зголемувањето на температурите на воздухот се зголемува опасноста за појава на шумски пожари. Во недела и понеделник попладне во западните делови ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд со грмежи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1