Викендов ќе се поремети сообраќајот во Скопје – еве каде


Градот Скопје ги информира граѓаните дека во деновите од претстојниот викенд на дел од булеварот “Митрополит Теодосиј Гологанов”, на потегот од крстосницата со бул. „8-ми Септември“ до крстосницата со ул. „Московска“, во периодот од 07.00 – 17.00 часот ќе се изведуваат градежни активности – попречни прекопи за поставување на подземна инсталација.teodosij-gologanov-nova

Поради тоа, на дел од булеварот “Митрополит Теодосиј Гологанов”, ќе се воведе привремен сообраќаен режим.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1