Викендов снег


Во сабота облачноста ќе се зголемува и температурите ќе започнат благо да се покачуваат. Од недела следува период на променливо облачно време со повремени врнежи, на пониските места од дожд и снег, а на повисоките од снег, со променлив интензитет.sneg

Обилни врнежи од снег и формирање снежна покривка се очекува во поголемиот дел од земјава од недела.

УХМР информира дека од недела нашето подрачје ќе биде под влијание на серија од влажни воздушни бранови, кои ќе предизвикаат променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег, а на повисоките места и на планините од снег. Врнежите ќе бидат со променлив интензитет.

Кон крајот на денот на некои места врнежите ќе поминуваа во дожд, а интензитетот  постепено ќе се намалува.

Повремени локални врнежи од дожд ќе има и во наредните денови, но со променлив интензитет.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1