Вирусот ХИВ помага во борбата против ракот


Еден од протеините од ХИВ вирусот, мутиран и придружен во терапијата против рак би можел да ја зголеми делотворноста на оваа терапија, покажале резултатите од истражувањето на група научници од Стразбур, а резултатите од ова истражување биле објавени во списанието „PLoS Genetics“.

Тоа би значело дека главниот недостаток на ХИВ вирусот – променливиот карактер кој прави проблеми во развојот на делотворна терапија, би можел да биде негов најголем квалитет, пренесуваат француските медиуми.

Користејќи го тоа својство на мутирање, истражувачите во човечкиот геномот (група од гени) го вметнале генот на ХИВ кој ја активира терапијата против рак.

Овој „микс“ би требало да овозможи зголемување на дејството на генот, поттикнувајќи го неговото терапевтско дејство. Со други зборови вирусот би можел да ја зголеми моќта на лекови наменети за борба против рак и многу други болести.

Резултатите од ова истражување биле објавени на „ New England Journal of Medicine“. За повеќе информации може да прочитате ТУКА.

Tags: , , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1