Вирусот Зика ги зеде првите жртви: Тројца мртви во Колумбија


Три лица починале како последица од вирусот Зика, откако им се развило невролошко пореметување, информираат властите на Колумбија.

Колумбискиот Институт за здравје објави вчера дека три смртни случаи во земјата се последица на зараза од вирусот зика кој во експанзија во Латинска Америка.zika virus evropa

“Можам да потврдам дека три смртни случаи се последица на вирусот зика”, изјави Марта Луција Оспина, директорка на Институтот и додаде дека трите лица биле го имале синдромот Гилен-Баре.

Синдромот ја предизвикува оваа неуролошка болест која може да доведе во парализа. Според Оспина, се очекува дека ќе има уште вакви случаи.

“Светот почнува да сфаќа дека вирусот зика е причина на смрт”, рече таа.

Колумбија е втората земја, по Бразил, која регистрира најмногу вакви случаи. Оваа епидемија предизвикува тешка конгенитална малформација микроцефалија која е штетна за интелектуалниот развој.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1