Британецот Ли Басет (29) се напил чашка повеќе и прифатил облог да виси закачен на мост над една фреквентна улица.
Се заврзал со појас за планинарење и поминал преку оградата на мостот, а со другарот се договорил да виси само неколку минути.
Но, неговиот другар немал сила за да го крене нагоре, па Бесет останал да виси дури 90 минути.
На местото на настанот биле повикани пожарникари, полиција и итна помош, а целиот трошок за операцијата на спасување чинел повеќе од 6.500 евра.
На суд ја признал вината за загрозување на учесниците во сообраќајот, а пресудата ќе му биде изречена во март.
„Тоа требаше да биде шега, се работи за облог кој отиде во погрешен правец. Се напив неколку чашки и го направив тоа како предизвик“, рекол Басет на суд.