Вистината исплива 32 години по неговата смрт: Канадскиот стјуард не ја заразил Америка со ХИВ


Човекот кој со децении е обвинуван за ширењето на ХИВ во Америка немал ништо со ширењето на смртоносниот вирус, покажува новото истражување.

Геjтан Дугас бил стјуард во „Ер Канада“ и означен како нулта пациент во студијата од 1984 година која ја направил американскиот Центар за контрола и превенција од болести. Новинарите го опишувале Дугас како промискуитетен маж кој продолжил да има сексуално односи со мажи, иако знаел дека е ризичен преносител на вирусот ХИВ. Сега научниците на Универзитетот Аризона ја проучувале историјата на мутацијата на вируси и дошле до заклучок дека епидемијата отпочнала многу пред времето на Дугас, па дури и на друго место.

covek HIVТие споредиле примерок од крвта на Дугас од 1983 година со осум други примероци на хомосексуалци и бисексуалци од втората половина на 70-тите години. Тие изолирале ХИВ вирус благодарение на техниката која е позната под името молекуларен часовник.

Станува збор за вид „семејно стебло“ на различни верзии на вирусот во годините што се зад нас. Вирусот на Дугас се нашол на средината на семејното стебло, а не на почетокот, што докажува дека тој не бил прв случај во Америка. Научниците тврдат дека епидемијата започнала околу 1970 година во Њујорк и дека вирусот веројатно стасал од Хаити или од некоја друга карипска земја. Дугас, всушност, бил жртвено јагне додека за епидемијата малку се знаело.

– Нулта пациент стана погоден симбол на културата која била подготвена да крена паника поради геј маж во чии тела циркулираат микроби – рекол активистот Грег Гонзавелвес.

Магазинот „Пипл“ во 1987 година го издвоил Дугас како еден од 25 најинтригантни мажи на годината и тогаш е напишано дека „неговиот непресушен сексуален нагон ја поттикнал епидемијата која го однела и неговиот и животите на илјада други луѓе“. Истата таа година „Тајмс“ пишува слична работа за Геjтан. „Њујорк пост“ го нарекол „мажот кој ни ја донесе сидата“. Како дошло до тоа водечки светски медиуми човекот да го прогласат социопат?

Дугас е роден во Квебек во 1952 година. Се преселил во Ванкувер на 20 години за да учи анлиски и почнал да работи како стјуарт. Почнал да лета за „Ер Канада“ во 1974 година. Дугас, кој секоја година менувал голем број сексуални партнери, престојувал и во Њујорк и во Сан Франциско. Во 1980 година му е дијагностициран Капоши сарком, вид рак кој често го добиваат пациентите заразени со ХИВ.
Дугас на научниците им бил од голема помош, учествувал во нивните истражувања и им давал информации на кои можел да се сети, а кои овозможиле да се влезе во трага на 72 лица со кои имал секс.
Умрел во Квебек во 1984 година на 31-годишна возраст.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1