МНР: Анита Андреевска загина во терористичкиот напад во Брегот на Слоновата коска


Министерството за надворешни работи на Република Македонија, согласно информациите добиени од Канцеларијата на Обединетите нации за волонтери, со жалење информира дека македонската државјанка Анита Андреевска загина на 13 март 2016 во терористичкиот напад што се случи во туристичкиот град Гранд Басам во Брегот на Слоновата коска. Во нападот, животот го загубија двајца припадници на војската и 14 недолжни цивили.anita-520x306

Министерството денеска остварило средба со семејството на починатата на кое му изразило сочувство за загубата и уверување дека ќе ги преземе сите потребни активности согласно законските прописи за пренесување на телото на починатата во нашата држава.

Министерот за надворешни работи Никола Попоски испратил и телеграма со сочувство до Н.E. г. Абдалах Алберт Тојкус Мабри, министерот за надворешни работи на Брегот на Слоновата Коска во која изразил жалење за сите жртви од грозоморниот чин и истакнал дека Република Македонија го осудува овој чин и ја изразува својата целосна поддршка и солидарност кон сите земји кои се соочуваат со терористички напади.

„Република Македонија останува и натаму силно посветена во борбата против тероризмот и насилниот екстремизам, кои се заеднички закани за целиот свет и на кои целата меѓународна заедница треба заеднички да им се спротивстави“, се наведува во соопштението на МНР.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1