Вистинската Мона Лиза 10 години постара од парискиот оригинал?


Сликата позната како „Мона Лиза од Ајлворт“ е нешто поголема од оргиналот во Лувр, кој е насликан десет години по портретот од Ајлворт, а веќе долго време се расправа за нејзината автентичност тврдат ликовни експерти.

Експертите од непрофитната организација „Мона Лиза“, изјавиле дека е во тек откриваењто на доказите кои што треба да утврдат дали портретот изложен во Лувр е всушност е дупликат.

Доказите треба да ги утврдат професорот Алесандро Везоси од Швајцарија, заедно со професорот Карло Педрети од Универзитетот од Калифорнија.

„Мона Лиза од Ајлворт“ ја открил колекционерот Хју Блејкре во периодот пред Првата светска војна.

Ја купил сликата на саем во Сомерсет и ја однел во своето студио во Ајлворт, по што сликата го добила и самото име. Блејкер покасно сликата ја продал на американски колекционер Хенри Пулицер, кој ја подарил на својата девојка. Од тогаш портретот променил неколку сопственици, а моментално се наоѓа во Швајцарија.
Сепак, Мартин Кемп, професор од Оксфорд, тврди дека е невозможно „Мона Лиза од Ајлворт“ да ја насликал Леонардо да Винчи, затоа што тоа не е негов стил. Тој исто така посочува на неправилности на портретот, особено на самиот пејсаж.

Share Button

Tags: , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1