Владан Петровиќ новиот Тесла – успеа да создаде бесплатна струја


 

Професорот Владан Петровиќ успеа да направи соларна централа која шест месеци во годината би можела да апсорбира сончева светлина, а во останатите шест, акумулираната енергија да ја одржува на 800 степени температура.


Оваа технологија може да и овозможи на српските граѓани да се греат 365 дена во годината, само со помош на сончева светлина. Петровиќ својата панел фабрика ја направил во Крагујевац.


„Суштината е дека од април до ноември ќе се собира енергијата, која потоа се користи за греење се до ноември. Петровиќ развил акумулутор чиј специфичен капацитет за складирање на енергија е 450 киловат часови по кубен метар. Тој ја задржува енергијата и до 800 степени во период од шест месеци. Изворот на енергија може да се користи во индустријата за сушење на овошје и зеленчук, во хемиската и дрвната индустрија, како и во процесот на стерилизација, пастеризација, белење или перење“, вели поранешниот професор на Машински факултет.
Според него, остатокот од светот, за девет часа греење на сонцето, може да ја задржи енергијата на дополнителни шест часови и тоа на 400 степени. Затоа за неговата инсталација се заинтересирани 19 земји, но Петровиќ би сакал ова да биде српска технологија.
„Ова ќе ни овозможи да произведуваме електрична енергија 24 часа, 365 дена во годината. За ваквата алтернативна енергија не е потребен стимуланс од други електрани кои би работеле на јаглен или ветер. Ваквата инвестиција е голем придонес за српската економија, бидејќи со истата би се отвориле околу 1000 компании кои би можеле да ја произведуваат ваквата технологија.
За греење на 50,000 станови на гас, за 20 години би биле потребни 35 милијарди евра, а за греење преку соларна централа, би биле потребни само 200 милиони евра“, вели Петровиќ.
Од министерството за енергетика, развој и заштита на животната средина, соопштиле дека се запознаени со ваквата технологија.
„Професор Петровиќ треба да создаде бизнис план со сите техно-економски параметри во оваа облест. Така потенцијалните инвеститори, донатори и банки ќе имаат соодветна слика за реализација на ваквиот важен проект. Финансирањата можат да се обезбедат во соработка со локалните власти, а може да се аплицира и во странски банки“, било соопштено од министерството кое што ја истакнало поддршката за имплементација на ваквиот проект.

Tags:

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1