Генералниот секретаријат на Владата се „поднови“ со нови кадри. Меѓу 20-те ново примени е и Соња Тарчуловска. Пејачката и сопруга на Јохан Тарчуловски, е избрана за самостоен референт во Владата, јави А1Он.
Во одлуката потпишана од генералниот секретар Кирил Божиновски, Тарчуловска е избрана за самостоен референт за административно технички работи во Генералниот секретаријат на Владата. Семејството Тарчуловски ќе се вклопува во духот на владината програма за многудетно семејство.
Медиумите објавија дека Тарчуловски очекуваат трето дете. Освен Тарчуловска, во Генералниот секретаријат се вработуваат и самостоен референт за заштита и податоци, советник за оперативна подршка, соработници и виши соработници за административни работи, за анализа и подготвување податоци за годишната програма, заунапредување на консултативниот процес, за односи со јавноста.