Владата ќе дава субвенции за носење странски туристи


Вкупно 155 милиони денари субвенции за организирано носење странски туристи, воведување нови директни линии со нискобуџетските авиопревозници, до Париз, Франкфурт и Брисел со дополнителна поддршка од 135 милиони денари, како и проширување на листата земји од кои би се носеле туристи со Кина и Индија од годинава, како и со САД, Британија, Казахстан, Катар, Азербејџан и Германија од 2015 година, најавија вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и министерот за економија Беким Незири, објави МИА

20130615-doznajte-gi-vashite-prava-i-obvrski-pri-skluchuvanje-dogovor-so-turistichkite-agencii-1Како што соопштија денеска на прес-конференција, согласно проекциите, бројот на вработени во туризмот годинава ќе достигне 10.000 што ќе претставува зголемување на учеството на оваа дејност во БДП за 1,9 отсто.

– Заедно со дејностите поврзани со туризмот, во Македонија се вработени уште 31.000 лица што е 4,5 проценти од вкупниот број евидентирани во 2013 година. Проекциите укажуваат дека годинава и оваа бројка ќе се зголеми, до 32.500 лица, а до 2024 година ќе достигне 40.000 вработени – рече Незири.

Минатата година бројката на туристи првпат ја надмина цифрата од 700.000 што беше една од главните цели согласно стратегијата за развој на туризмот.

– Од 2006 до 2013 година бројот на странски туристи е двојно зголемен, за 98 проценти. Имајќи ги предвид позитивните трендови оваа година, тоа е и повеќе од двојно зголемување. Вкупниот број туристи, домашни и странски, во овој период бележи раст од 40 отсто. Во јануари-мај, пак, бројот на туристи е зголемен за 6,7 отсто во споредба со истиот период лани, кај домашните за 9,9 отсто, а кај странските за 4,8, а зголемен е и вкупниот број ноќевања, за 5,7 отсто – нагласи Пешевски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1