Владата ќе ги стимулира компаниите со нови 10.7 милиони евра


Средствата ќе бидат со рокот на отплата до пет години и грејс период од една година доколку станува збор за основни средства и 18 месеци рок на отплата и три месеци грејс период за кредити за обртни средства.


10,7 милиони евра на располаање за македонскитекомпании обезбеди Владата, со цел подобрување на ликвидноста и конкуреноста на странскиот пазар во услови на криза, како и 100 милиони евра од Европската инвестициска банка, кои се достапни од пред два дена. Средствата ќе се пласираат преку Македонската банка за поддршка на развојот со камата од 3 проценти.

– Денеска објавуваме дека ставаме во функција и на располагање дополнителни 10,7 милиони евра средства наменети пред се за фирмите што се занимаваат со преработка на земјоделски производи, рече вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Средствата ќе бидат со рокот на отплата до пет години и грејс период од една година доколку станува збор за основни средства и 18 месеци рок на отплата и три месеци грејс период за кредити за обртни средства.

Барањата ќе се поднесуваат директно во Македонската банка за поддршка на развојот во Скопје.

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1