Видео: 100 загинати- се обиделе да крадат безнин, експлодирала цистерната – Нигерија


 Меѓу загинатите има голем број жени и деца.

Цистерна која носела бензин се превртела на автопатот во местото Окогбе во јужниот дел на Нигерија. Голем број на луѓе кога виделе дека од цистерната тече бензин се обиделе да соберат во канти. Цистерната експлодирала – билансот е над 100 загинати и најмалку 50 повредени.

,, Додека луѓето се обидуваа да соберат бензин изби пожар, кој предизвика голем број жртви, има и многу повредени кои со сериозни изгореници се префрлени во болница, изјави портпаролот на полицијата, Бен Угвуегбулам.

Според полицијата возачот на цистерната се обидел да избегне судар со друг автомобил но поради наглото вртење се превртел.

Меѓу загинатите има голем број жени и деца.

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1