Владика Пимен: Богдан беше разочаран што работите се тргнале од контрола


За настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април минатата година, денеска во Кривичниот суд исказ даваше владиката Пимен Илиевски, предложен како сведок од обвинетиот Богдан Илиевски-Бетмен.

Владиката Пимен кажа дека Илиевски му бил пријател и духовно чедо. Првично се запознале преку социјалните мрежи, а потоа почнале поинтензивно да се дружат и приватно. Разговарале за различни теми и некогаш биле на различни страни, но тоа не влијаело на нивното пријателство.

-Имавме искрена убеденост во ставовите кои ги носевме иако некогаш бевме на разни страни, рече владиката Пимен.

Како пример ги посочи изградбата на црквата во Центар кога Богдан бил во архибригадата, а тој како претставник на МПЦ од другата страна и „Шарената револуција“.

-Бев познат како шарениот владика заради поддршката што ја давав на движењето преку социјалните мрежи, а Богдан на „За заедничка Македонија“. Дебатиравме заедно околу нашите ставови и сфатив дека учествува во иницијативата без намера тоа да го валоризира преку добивање материјални средства или напредок во кариерата. Никогаш кај него не видов и не се зборуваше за насилство, туку имаше разочараност од работите што излегле од контрола, рече владиката Пимен.

Не се раководеше, додаде, од желби за насилно завршување на протестите.

-Го повикав на 28 април и се најдов со него и неговиот став беше дека ќе продолжат со протестите за да ја вратат довербата во движењето и да се види дека не им била намера да влезат во Собранието. Му се гледаше разочараност што работите се тргнале од контрола, посочи владиката и заклучил, како што рече, дека движењето е ненасилно.

Во одговор на прашање од обвинетиот Јане Ченто, владиката Пимен рече дека Илиевски бил против изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието и се залагал за нови избори на кои ќе се дојде до поголемо мнозинство кое нема да прифаќа секакви притисоци.

Во одговор, пак, на обвинетиот Игор Југ, посочи дека движењето „За заедничка Македонија“ било мирно, но добило лош белег на крајот.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1