Властите смируваат енергетска криза нема, обвинителство бара одмрзнување на сметките на Макпетрол


Да се одблокираат сметките, но да се следи платниот промет и трансакциите и на Макпетрол и на Оилко. Ова од судот го побара Јавното обвинителство, откако немаше ништо против жалбата на Макпетрол за блокираните сметки.

benzin4 „Основното јавно обвинителство, постапувајќи по допрен глас (информации објавени во медиумите) во текот на вчерашниот ден прибави дополнителни докази од Макпетрол, од кои се утврди потребата од ослободување на сметките на друштвото со цел овозможување непречена работа, како на Макпетрол АД Скопје во рамките на исполнување на веќе преземените обврски за снабдување со енергенси на други субјекти, така и со цел овозможување на работата на трети правни лица во кои Макпетрол, се јавува како единствен содружник и извор на финансиски средства за нивното работење“, стои во соопштението на Јавното обвинителство.

А, во текот на вчерашниот и денешниот ден, повеќе владини министри уверуваа дека во земјава нема да има енергетска криза ако сметките на Макпетрол останат блокирани. Министерот за економија Беким Незири посочи дека може да се јават одредени проблеми, но не и криза.

Во текот на вчерашниот ден, Макпетрол ги извести надлежните институции за можните последици во енергетскиот сектор. Околу снабдувањето со мазут за Рек Битола – решението било да се објави тендер за набавка на мазут од друг добавувач. Авионите кериозин би точеле или со директно полнење од цистерни или пак снабдувањето би се вршело на некој од соседните аеродроми.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1