Влеговме во година на Црната Водена Змија – ќе не гризне ли?


zmijaaaa

Година на змијата

Кај Кинезите доаѓањто на Новата година по лунарниот календар, во нивниот 12 годишен хороскоп, Змејот ќе премине во едно од најомразените животни на светот Змијата.

Или како што би рекол славниот филмски јунак и пустински археолог Индијана Џонс, „Зошто оваа година мораше да биде, година на змијата?“

Ако се присетиме на претходните години во знакот на змијата ќе добиеме!
– Сите се сеќаваме на 2001-та по терористичките напади врз американските градови на Њујорк и Вашингтон. За жал 11 септември беше во знакот на Змијата.
– Година на змијата 1989 ја означи крвавата пресметка во центарот на Пекинг на плоштадот Тјенанмен. „Во кинеската митологија змиите често се поврзани со чудовишта, па можеме да очекуваме политичка турбуленција“, вели тајванскиот астролог Каи Шанг.
Иако многумина стравуваат од змии, некои астролози оваа година ја сметаат за година на среќата.

– Година на змијата поволна за жените

Year-of-The-Snake

Хонк Конг мајсторот на фенг шуи Ло, настојува да му вдахне позитивно значење на оваа година. Проучувајќи ги астролошките карти и таблици, заклучил како овогодишната сорта на змија, е како блага утринска роса, тип на распостранети водни змии, помалку отровни од некои нивни претходници.

За змијата во 2013 година, Ло вели дека е умерена скромна и стрплива. Тој е оптимистичен и гледа добра прилика за економски раст.

„Сепак луѓето треба да превземат и некои превентивни мерки против деструктивните змиски моќи, а најдобар совет е огрлица со ѓердан направен од мајмун.

Мајмунот е единственото животно кое што знае да се справи со змијата“, вели Ло.
Сузан Харпер, консултант во Лондон, вели дека пред нас се поволни години особено за жените.

zmija2„Тоа се случува на секои 60 години“, вели за „VOA News“. Тоа особено ќе биде поволно за жените. Година на змијата е поволна за голем број на пресвртници во животот.

Следете ги вашите соништа и вашето срце, тоа е многу важно. Можеби ова ќе биде значајно патување, романтична врска. Можеби ќе треба да промените неколку работни места, да добиете дете.

Што и да направите најдобар совет е да одите напред и да ја зграбчите шансата.

Сила:

-Змијата ги почитува сите оние кои не се откажуваат лесно, но да се оди на прилагодување на ситуацијата.

-Рационалност и вештина на организацијата, особено и се допаѓаат на Змијата.

-Духовниот развој и помага на успхот во годината на змијата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1