ВМРО-ДПМНЕ број 1 – СДСМ број 4, на гласачкото ливче


Државната изборна комисија денеска спроведе ждребка за редоследот на кандидатските листи за предвремените парламентарни избори на 11 декември.izbori livcinja

Прва на листата ќе биде ВМРО-ДПМНЕ, ДПА под број 2, СДСМ – 4, ДУИ се трети, според редоследот од ждребувањето.

Со реден број 6 ќе биде ПДП, Коалицијата на за промени и правда ќе биде под број 5, Либерална партија 8, Левица 11, Беса 10, Алијанса за Албанците 7 и ВМРО за Македонија 9.

Граѓаните на 11 декември ќе избираат меѓу кандидатите на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, опозициската коалиција предводена од СДСМ, Коалицијата за промени и правда, Коалицијата ВМРО за Македонија и Коалицијата „Алијанса за Албанците“ која ја сочинуваат Движењето за реформи – ДПА, УНИТЕТИ и НДР, како и партиите ДУИ, ДПА, ПДП, ЛП, Левица и Беса.

Во понеделник почнува изборна кампања за предвремени избори, која ќе заврши на 9 декември.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1