ВМРО-ДПМНЕ не го признава референдумот – на избори само со техничка влада


Денеска Извршниот комитет на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, одржа состанок после кој заклучоците ги искажа Александар Николоски, потпретседател на партијата.

„Бевме сведоци на еден криминален процес и резултатот на референдумот не го признаваме. Во исто време упатуваме порака до власта да престане со бркање од работа на сите оние кои не сакале да излезат на референдумот. Ние секој детал го следиме, и ќе превземеме соодветни мерки.

Извршниот комитет заклучи дека договорот со Преспа е кличнички мртов“, рече Николоски кој што додаде дека на состанокот биле донесени три одлуки за три барања:

„Прво, да се формира анкетна комисија во Собранието од пратеници. Таа иницијатива е веќе поднесена, и комисијата ќе треба да ги истражи сите нерегуларности околу референдумот, и да ги санкционира оние кои правеа неправилности. Второ, барање за разрешување на Јавниот обвинител кој што очигледно замижува пред криминалот на референдумот, и избор на нов јавен обвинител на предлог на опозицијата. И, трето, доколку Заев има намера да распише избори, ќе го победиме. Бараме да го почитува договорот и согласно законот за избори, ќе се формира техничка влада 100 дена според пржинскиот модел. Заев, Спасовски и Царевска да си поднесат оставки, а министри за внатрешни работи и труд и социјална политика да бидат од ВМРО-ДПМНЕ 100 дена“, рече Николоски кој додаде дека ИК на партијата донел одлука да се формира републички и градски изборен штаб со кои ќе раководат Игор Јанушев, односно Владо Мисајловски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека пратеничката група има исти став, а се борат за зачувување на името Македонија. Како што кажа, името на државата по референдумот е зачувано. Николовски потенцираше дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е единствена.„Не е проблем меѓународниот фактор, тука е проблем Зоран Заев и Никола Димитров кои потпишаа штетен договор за државата“, рече Николовски.

Тој додаде дека неговата партија заклучила дека договорот од Преспа е празно слово харија, а меѓу барањата, спомена дека мора да се почитува Законот за јавна администрација и да не се притискаат граѓаните.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1