ВМРО – ДПМНЕ протистираше во Скопје – Мицковски побара оставки на министри и тв дуел со Заев


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, го повика Заев на ТВ Дуел. Мицкоски ова го побара на вечерашниот протестен марш на опозициската партија. Ајде до крајот на месецов очи в очи да разговараме пред македонската јавност, му порача Мицкоски на премиерот Заев.

„Ајде Јас и Ти. Но, викни ги најпрво на помош оние наши поранешни браќа и сестри што застанаа рамо до рамо со тебе во битката против ВМРО-ДПМНЕ, да те избрифираат за вмровските работи. Ќе збориме и за тоа, ама ќе збориме и за сето она кое што и го приреди на нацијата, за сите лаги, за сите недостоинствени политики, Јас и Ти, очи во очи пред македонските граѓани па они нека пресудат кој е во право. Немој овој пат да се криеш. Избери време, место и медиум ќе дојдам таму каде што ти сакаш и каде што ти ќе кажеш“, рече Мицкоски.

Ветуваа живот во Македонија, а донесоа црнила и темнина, рече Мицкоски на вечерашниот протест пред владата. Според него, дебатите за уставните измени кои ги води власта се фингирани. Не се почитувала вољата на граѓаните изразена на референдумот, и се распродава идентитетот, националното достоинство и гордост.

„Не ја почитуваа таа воља и одлучија по насилен пат да фингираат дебата ширум градовите во Република Македонија, па да поканат граѓани на Република Македонија со времен престој со поинаква боја на кожата. Да им аплаудираат дека тоа што го прават е добро за Македонија и Македонците. Нема кој да им каже НЕ, затоа што канат експерти кои му аплаудираат и кои што го тапкаат по рамото. Од тоа Зоране Заев немаш фајде нити Ти, нити граѓаните на Македонија. Тоа е лажно тапкање, ја губиме државата“, изјави Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ најави дека протестите на опозицијата ќе продолжат се до поразот на владата. Ги повторија барањата за оставка на министрите за внатрешни и надворешни работи, повлекување на законот за зголемување на даноците и расфетлување на случајот со прислушкувањето на судиите и јавните обвинители.

Следниот протест на опозициската партија е в недела во Велес.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1