ВМРО-ДПМНЕ: Владата на Заев е големо разочарување


Опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета дека новата Влада нема да донесе ништо добро за државата бидејќи е составена од стари компромитирани и криминални кадри. Од партијата велат дека повторно на чело на Владата е човек кој е заштитник на неправдата.

-Заев не е единствениот транзициски кадар, таму е и Радмила Шеќеринска која не стори ништо за Министерството за одбрана, ќе остане запаметена по набавката на најаскапите грејдери кои никој не знае каде завршија, изјави Дафина Стојановска, ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат раководни позиции задржале уште низа политичари од редовите на СДСМ. Како неспособни и компромитирани ги посочија Венко Филипче, Мила Царовска, Благој Бочварски за кои од ВМРО-ДПМНЕ велат дека не сториле ништо додека раководеле со министерствата и општината Штип.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1