Сајбер криминалците низ скајп шират malware, со тоа што го заклучуваат компјутерот на корисникот и тогаш од нив бараат откуп – ако корисниците не платат, ќе им ги избришаат сите податоци од компјутерот.
На некои интернет корисници низ Балканот им се појавиле лажни пораки дека полицијата им ги заклучила компјутерите, па морале да платат одредена парична сума, за да можат повторно да ги користат компјутерите.
Слична измама сега кружи и низ Скајп. Корисниците добиваат пораки од своите контакти на Скајп: „lol is this your new profile pic?“ со дополнителен линк во пораката, а ако го отворат тој линк, на компјтерот ја симнуваат датотеката која во себе крие Dorkbot вирус (други сигурносни компании имаат и други имиња за овој malware како Backdoor.Win32.Hupigon, односно Troj/Agent-YCW).
НЕ НАСЕДНУВАЈТЕ: ВИРУСОТ БАРА ДА ПЛАТИТЕ ЗА ПОЛИЦИЈАТА ДА ВИ ГО ОДБЛОКИРА КОМПЈУТЕРОТ!
Кога корисниците ќе ја отворат оваа датотека, сајбер криминалците преземаат контрола над компјутерот, па malware автоматски ги презема и го заклучува компјутерот, па бара од корисниците во рок од 24 часа да уплатат 200$ за да го отклучат компјутерот. Ако не го направеле тоа, Dorkbot ќе ги избрише сите податоци од компјутерот.
Грахм Клули од им рече на новинарите дека овие измами може да се споредат со киднапирање во кое киднаперите ги убиваат сите заложници еден по еден, се додека не им се исполнат сите нивни барања.
Од Скајп признале дека постои овој проблем и работеле на негово решавање, а во меѓувреме ги повикале сите корисници да го надоградат Скајп со последната верзија, со што ќе го надоградат целиот сигурносен софтвер на компјутерот.
Се разбира, корисниците се предупредуваат да не отвараат такви линкови, т.е. да не ги симнуваат датотеките од такви измамнички линкови.
НАЈГОЛЕМАТА ПРИДОБИВКА ВО ИСТОРИЈАТА НА МАЈКРОСОФТ: Го купија Скајп за 8.5 милијарди долари
Овие пораки моментално се шират по пат на порака на Скајп, на англиски и германски јазик, а од Trend Micro предупредуваат дека сајбер криминалците овие пораки лесно може да ги преведат и на други јазици, па на тој начин сигурно би дошло до зараза на уште поголем број на компјутери.