Внимателно со барање работа во Емиратите. Можете да бидете заробени од принцези


Белгиското обвинителство бара затвор и казна од 1.9 милиони евра за осум членови од кралско семејство од Абу Даби, обвинето дека во ропство држеле 20 работници. Во Брисел деновиве се води судење против принцезата Alneyahan, вдовица i нејзините седум ќерки.

Обинителите тврдат дека на работниците им ги земале пасошите и не им давале плата.
Обвинителот Henri Funck, за принцезите побарал 18 месечна затворска казна. Ова го пренесува белгиската новинска агенција, Belga.
Бранителот на принцезите, пак ја отфрли тужбата тврдејќи дека работниците се запослени преку приватна агенција која правно е одговорна за кршење на договорот. Настанот се случил во 2008 година кога полицијата на дојава упаднала во луксузниот хотел каде принцезите го закупиле целиот кат на една година.

Меѓу оштетените работници нема Македонци. Има Филипинци, Мароканци, Индијци, Египќани, Турци, Ирачани и Сиријци. Токму нив принцезите ги држеле заробени цели 8 месеци.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1