Илјадници Германци примиле писма во кои од ними се бара да платат надокнада за порнографија која наводно илегално ја гледале на интернет.
Адвокатската фирма „Урман и Колеген“, во име на швајцарска компанија за заштита на авторските права Архиф, побарале од нив еднократна исплата од 250 евра- објави Би-Би-Си, додавајќи дека не им е познат бројот на писма кои ги испратиле, иако германските медиуми пишуваат дека станува збор за повеќе од 10.000.
Ова еден од првите случаи во кои корисниците се обидуваат да бидат казнети за гледање он-лајн, а не за симнување порнографија.
Сите корисници гледале порно-содржини на страницата Redtube.