Oбјаснување за овој случај ни понуди хрватскиот портал supermarket.info.
Нивното истражување покажало дека всушност евтиниот лимон на нивните пазари потекнува од Турција, а токму на неговата декларација пишува “Да не се користи кората! Лимонот е третиран со имазалил”!
Ова предупредување, како што е и вообичаена пракса, е напишано со многу мали и нечитливи букви, па токму поради тоа и многу мал број на купувачи можат да го прочитаат, а повеќето веројатно и нема да го забележат.
За сите кои прв пат слушаат за имазалилот, се работи за фунгицид чија употреба е широко распространета во агрикултурата, првенствено при одгледувањето на цитрусните плодови. Тој продира низ целиот плод, не само низ кората. Се работи за исклучително токсична состојка која ја иритира кожата и предизвикува солзење на очите.
Имазалилот е стабилен и на високи температури, а кај возрасните луѓе првенствено делува негативно врз репродуктивните органи и докажано е канцероген!
Кај малите деца имазалилот предизвикува проблеми со централниот нервен систем! Просечнo утврдено количество е 5.2 милиграми на килограм, што значи дека е доволен само еден поголем лимон за пречекорување на дневната доза, пишува овој хрватски портал.