Лекарите предупредуваат дека грипот може да биде опасен и кога заболениот нема зголемена температура, а имаме симптоми што личат на настинка, во тој случај треба одмор, внесување свеж зеленчук, овошје, витамини топли напитоци. И задолжително мирување.
Оваа состојба се лекува со симптоматска терапија против зголемена температура – андоли, течности. Важно е имунитетот да се зголемува со ѓумбир, мед, прополис, зашто болеста ги напаѓа лицата со послаб имунитет, а во битката против грипот секако е многу добро да се внесува и белиот лук, ехинацеа
Лекарите советуваат лицето што ќе ги почувствува првите симптоми, во почетокот да остане дома, но ако за ден-два состојбата не се подобри, да оди на лекар.
Ако кашлицата не се смирува, а се јават и тешкотии при дишењето или болки во градите – пациентот задолжително треба да се јави на лекар, а не да седи дома иако состојбата се влошува. Имаме различни клинички слики на грипот кој може да наликува и на друго вирусно заболување, а може речиси и без симптоми да го прележите или во потешка форма.